Прилог на ТВ21: По часови, право во казино!- Аларм за измена на Законот за игрите на среќа

Учениците, штом завршат со часови одат право да си ја испробаат среќата, во казина и обложувалници.  Овие фотографии испратени до нашата редакција, говорат за загриженоста на родителите и наставниците за сè поголемиот број коцкарници отворени на најфреквентните места. Феноменот  освен возрасните, ги има „заразено“ и децата, особено тинејџерите. Тешката економска и социјална состојба, за многумина се смета за плодна почва за „цветање“ на овој бизнис. Со мала заработка, луѓето се надеваат дека барем автоматите за игри ќе им бидат наклонети.

Во Куманово, на пат е да се  отвори уште едно казино, кај зелениот пазар, на главниот булевар, и на  само неколку метри од гимназијата “Сами Фрашери“ и до основното училиште “Бајрам Шабани“. Актуелниот закон не предвидува за нив ограничувања во однос на локацијата, па затоа коцкарници има насекаде. Тоа ги натера наставниците во градот да се здружат и да побараат измени на законот за игри на среќа. Наставникот Етем Џељадини бара по законски пат да се дислоцираат од блиските образовни институции, да бидат на периферијата или во склоп на хотелски објекти.

Џељадини вели дека за оваа иницијатива ја имаат и поддршката од граѓанскиот сектор, па заедни испратиле барање до Собранието и Министерство за финансии од каде што се издаваат лиценците за овој бизнис. Сегашниот закон, вели наставникот, не придонесува за здраво општество, туку само штета за граѓаните.

Податоците од УЈП покажуваат дека само една спортска обложувалница минатата година пријавила добивка од преку 50 милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *