Прилог на ТВ Телма за актуелните состојби со бојкотот на наставата во каменичката деветолетка (ВИДЕО)

Се топи бојкотот на  онлајн наставата во централното училиште „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Директорката, Марина Василевска-Стојановска за Телма вели дека само 10 % или 30-тина родители не дозволуваат нивните деца да се вклучат на платформата Микрософт Тимс. Но, класните раководители преку разговори со родителите им објаснуваат дека мора да им овозможат на нивните деца да се вклучат во електронската настава.

Пристигнат е и одговорот на приговорот на Советот на родители. Комисијата за заразни болести им далa негативен за физичка настава, поради актуелната епидемиолошка состојба.

Во моментов околу 150 деца од Општина Македонска Каменица немаат компјутер или друг уред на којшто би ја следеле наставата од дома. Василевска појаснува дека не станува збор само за деца од социјално ранливите категории, туку и за  многудетни, во коишто имаат по две, три или неколку ученици во основно и средно образование. Локалната власт веќе набавува 200 таблети за учениците од девотелетка и гимназијата.

Линк до прилогот на ТВ Телма

Викторија Димитрова Јованова

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *