ПРИЕМ ЗА НАГРАДУВАНИ УЧЕНИЦИ И МЕНТОРИ

Вчера, во просториите на општина Македонска Каменица, градоначалничката Соња Стаменкова имаше прием за учениците и наставниот кадар од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ кои имаат постигнато забележителни резултати на регионални и државни натпревари.
Градоначалничката им честиташе за постигнатите успеси, вети дека вложувањата за подобрување на образовниот процес ќе продолжат и дека сите што имаат постигнато значајни резултати ќе бидат соодветно и пригодно наградени.
Поинтензивни средби со учениците и наставниот кадар ќе има и во наредниот период се со цел да се подобри воспитно-образовниот процес, но и уште повеќе да се мотивираат и учениците и нивните ментори.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *