Приведен Стевче Јакимовски

По повеќечасовниот претрес во неколку објекти поврзани со него и неговото семејство, поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски, нешто после полноќ е приведен и однесен на распит кај судија на претходно постапка во Кривичниот суд.

Од Судот засега нема официјални информации за епилогот од  распитот.

Како што објави 1ТВ за него се бара притвор.

Финансиската полиција од вчера попладне вршеше претрес во приватните објхекти на семејството Јакимовски. Од оваа институција нема официјални информации што се бара со претресот, но Јакимовски во изјава за медиумите рече дека ова е поврзано со наводни малверзации со три тендери, од кои два за општинската барака и една за плоштадот во Жданец, односно тоа што општината не ги активирала банкарските гаранции, иако ангажираната фирма не ги исполнила одредбите од договорот и договорот бил раскинат.

Јакимовски рече дека се работи за техничка грешка на службите, а  не за криминал бидејќи вработените во општината заборавиле да ја активираат банкарската гаранција,  и отфрли поврзаност со него. Тој обвини дека ова е политичка одмазад против него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *