ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА WABA ЛИГАТА ГО ПОТВРДИЈА УЧЕСТВОТО НА ЖКК „БАСКЕТ КАМ“ ВО ГОЛЕМОТО ЈАДРАНСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Македонска Каменица, 14.06.2021 година – Во посета на Македонска Каменица беа претседателот на ВАБА, Србобран Филиповиќ и директорот Урош Крањц, каде остварија работна средба со градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и претставници од ЖКК Баскет Кам, Горан Даниловски и Јордан Цветановски.

Во центарот на вниманието на посетата на Македонска Каменица која годинава го даде новиот македонски шампион во женска конкуренција, а кој го пријави своето деби учество во ВАБА лигата за идната сезона беше обиколката на Спортската сала во која Баскет Кам ги игра своите натпревари.

„Исто како и одличните услови во хотелските капацитети за сместување на гостинските екипи, на состанокот одржан во самата спортска сала, со раководството на клубот и градоначалничката на Македонска Каменица, констатиравме дека ЖКК Баскет Кам ги исполнува условите и има просторни капацитети за натпреварување во WABA лигата“, – изјави претседателот на WABA лигата Србобран Дилиповиќ

„Со растот и развојот на Баскет Кам, Македонска Каменица прерасна во центар на македонската кошаркарска сцена. Ова е нов предизвик за клубот, како и огромен успех на Македонска Каменица. Упатуваме благодарност за одромната поддршка од заедницата, пред се до Општината и Рудникот Саса. Меѓународните натпревари се ново искуство за нас. Релативно сме млад клуб, но се надеваме дека успешно ќе ја претставиме Македонска Каменица во WABA лигата како домаќин и ние како респектиран клуб и противник на теренот“ – истакнаа денеска од управата на клубот

„Освојувањето на двојната круна во македонската женска кошарка е доволен доказ за добриот начин на работа во клубот. Благодарение на Баскет Кам, денес, кошарката во Македонска Каменица е на многу повисоко ниво. Токму поради тоа и нашата поддршка кон спортските клубови постојано се зголемува“ – истакна градоначалничката Стаменкова која додаде дека „како локална самоуправа сме горди на секој успех на спортистите од Македонска Каменица и спремни сме да ги поддржиме спортистите и спортските клубови во нивниот развој. Се надеваме на континуитет на успесите на Баскет Кам и во WABA лигата, како и на успешно претставување на нашата Општина во ова силно Јадранско натпреварување“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *