ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРОТ НА ЈП “КАМЕНА РЕКА” ЗА РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ВО 2018 ГОДИНА

Македонска Каменица, 05.03.2019 година – Директорот на ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица, Влатко Андоновски денес на прес конференција ги соопшти поголемите реализирани проекти од страна на комуналното претпријатие во текот на 2018 година.

Содржината од текстот можете да ја прочитате во текстот подолу, а целосниот видео материјал можете да го погледнете на следниов линк.

Почитувани сограѓани
Помина година дена од превземајнето на функцијата директор на Јавното Претпријатије Камена Река.
Активностите кои ги извршуваше јавното претпријатије во изминатата година беа поделени на оддели и тоа: финансии,водовод и канализација, управување со отпад, хортикултура и урбана опрема, механизација и разни активности.
Во делот на финасии Наследив фирма во која имаше 2 неисплатени плати кон дел од врботените и тековни долгови кон доверитиели. До крајот на 2017 год. се изврши исплаќање на платите кон врботените во износ од околу 800 000 , и кон доверители од над 1.100.000,00 денари
Додека за само една година односно во 2018 год. се исплатени околу 14.000.000,00 денари кон доверители и се започна со редовно плаќање на долгот према Заводот за испитување на води Кочани и фондот за води на Република Македонија. Дополнително се воведе финансиски стимул за Редовност на врботените.
Во тек е изработка на годишен финансиски извештај во кој детално ќе се претстави финансискот работење на Јавното Претпријатие и истиот јавно ќе биде достапен.

Во делот на водовод и канализација покрај тековните активности се изведоа и следните активности:

Извршено е детално чистење на базентите за вода за стара Каменица и с.Цера
Извршено е чистење од наноси на захватите за вода во Горештица и Китка
Се поставија цевки со таложник и зафаќање на атмосферските води од улица ,,Пере Тошев” и дел од улица ,,Осоговска”.
Се санирашен градскиот базен за пливање на места каде протекуваше, а истовремено се набавија и поставија 40 лежалки и 20 чадори за сонче како и бесплатен Wi-Fi на самиот базент.

Се изведе нова фекална канализација во маала Павлиш дол.;
Се изврши реконструкција на дел од фекална канализациј во кругот на О.У. ,,Кирил и Методиј”
Направен е увид на сите захвати на вода за пиење во селските средини и донесен е заклучок во соработка со општина М.Каменица на сите да се постават автоматски хлоринатори со што ќе се добие бактериолошки чиста вода За пиење.
Извршено е чистење на одводните канали во градското подрачје, со што е спречено можност од излевање на атмосверската вода и поплави.
Изведена е нова оделна атмосверска и фекална каназлизација на дел од улица Илинденска .
Дополнително Ќе се изведе нова фекалана и атмосверска канализација во должина од 380m. на ул.Новопроектирана во Сува маала.
Отстранети се и последните метри цефки од азбест во М.Каменица со нови водоводни цефки. Следува изработка на проект за реконструкција на водоводната мрежа во маало Павлиж Дол со што целосно ќе биде изфрлен азбестот од употреба на територијата на општина М.Каменица. Истот така од страна на општина Македонска Каменица се изработуваат проекти за реконструкција на главната водовдна мрежа од филтер станица и од захватите во Моштица до собирна шахта.
Заменети се дотраени исталации на водоводна мрежа во долижина од над 1000 м и канализациона мрежа во должина од 500 м, на повеќе места низ општина М.Каменица
Извршено е реконструкција на главната водоводна цефка од градскиот резервар за вода. Проблем со кој се спречени повеќе годишните загуби на вода непосредно до самиот резервар.

Во делот на механизација се изведоа следните активности

Јавното претпријатие „Камена Река“ доби донација од рудник САСА специјално возило – тратктор комплет со товрна приколка и даска за чистење снег
Одобрена е донација за набавка на ново возило ровокопач преку светска банака.
Исто така поднесена е аплилација во Јапонска амбасада за донација на возило-камион
Набавен е алат како што се : тримери, хилти, машина за сечење бетон и асфалт и друг ситен алат со кој понавремено и поуспешно ќе ги извршуваме тековните активности.

Во делот на хортикултурата и урбаната опрема се изведоа следните активности

Направена е набавка на семе и семенски репроматеријали, за производство и садење на над 40,000.00 едногодишни и многугодишни цветни растенија за цветно-декоративно разубавување на општина Македонска Каменица;
Во соработка со општина Македонска Каменица се набавија и засадија над 300 еколошки прифатливи зимзелени и листопадни дрвни видови
Се изврши обновување на старата и оштетена урбана опрема низ општината и заштита на веќе постоечката;
Се постави урбана опрема по кејот на Каменичка река
Направена е припрема на јама за одлагање и складираење на покосена трева и органски отпадоци за производство на органско ѓубриво.

Во делот на хигиената и управување со отпад се изведоа следните активности

Започнато е со затворање на големите контенјери по селските средини, а истовремено во соработка со Општина М.Каменица се поставуваат и нови затворени контенјери
Склучен е договор со Елколект за собирање и превземање на електорнски отпад
Исчистени се две диви депонии во с.Моштица
Од страна на советот на општина Македонска Каменица е дадено согласност за преотстапување на градската депонија и формирање на регионална депонија.

Исто така се извршија и дополнителни разни активности

Се изврши санација на ѕидот (ограда) околу детската градинка “Бамби” која претставуваше опасност за самите деца и граѓаните кои што се движат во близина на градинката;
Поднесена е апликација за прекугранична соработка со Невестино за изградба на кула за рана детекција на пожар
Се изврши регулирање на текот на Каменичка река и нејзините притоки со што е спречено излевање од нивните корита и поплавување на околното земјиште и истовремено е спречено поткопување на мостовите и пропустите на локалните патишта
Извршено е чистење и регулирање на повеќе свлечишта на локални патишта.
За време на снежните врнежи навремено беа исчистени улиците и тротарите во општината
Во градската амбуланта во соработка со Здравствен дом “Гоце Делчев” е извршено реконструкција на тоалетите
Се изврши реконструкција на цвеќарниците пред споменикот на народниот херој Вера Јочиќ.
Јавното претпријатие „Камена Река“ извади лиценци за: – вршење дејност за собирање и транспортирање на комунален отпад и други видови на неопасен отпад. – Лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија
Во соработка со општина М.Каменица се изврши обновување на хоризонталната и вертикалната сигнализација низ општина во насока на подигање на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

На крај дозволете ми од мое име и од името на врботените на ЈП Камена река да се заблагодарам за укажаната доверба и за успешнат сорботка до Градоначлникот на општина Македонска Каменица како и до Советот на општина Македонска Каменица .
Ви благодарам

ЈП “Камена Река”
Директор
Влатко Андоновски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *