Пресврт во судницата: Трезористот ги украл парите од НЛБ оти бил во долгови и под закани

Првообвинетиот за грабежот во НЛБ банка, трезористот Бобан Смилевски,  во завршните зборови ја призна вината и рече дека парите ги украл оти бил во долгови и тој и семејството биле под закани. Им се извини на останатите инволвирани во грабежот и нивните казни ги побара за себе.

„Делото не е од лукративна причина и не е да се оствари имот за себе или било кој друг. Сум бил во долгови и во последните два месеци бев под закани јас и семејството. Губењето самоконтрола ме доведе до ова. За себе можам да кажам дека сум бил пример во приватниот живот, општеството, а до кражбата за себе можам да кажам дека не сум бил криминалец, ниту имам криминален ум. Еднаш во животот сум згрешил и по настанот сум се пријавил кај директор.  Второ и третообвинетиот ненамерно сум ги вмешал, за себе ги барам и нивните казни. Колку е поблага казната и колку побргу се вратам во општество ќе почнам побрзо да придонесувам“, рече Смилевски.

Тој им се извини на своите родители за нанесениот стрес и срам, на својата сопруга која ја оставил со две малолетни близначиња, на својот внук кој го оставил без татко. Неговиот брат е второбвинет во случајот, а обвинителството и за двајцата бара максимална десетгодишна казна затвор.

И се извини на банката за нарушениот углед. Сепак во завршните зборови никој од обвинетите не кажа каде се украдените пари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *