Презентирани можностите за вмрежување на училишните библиотеки од Делчево на системот Cobiss

Денес во Делчево беа презентирани можностите за вклучување на училишните библиотеки во националниот библиотечен информациски систем Cobiss. Како што истакна Жаклина Ѓалевска од националната универзитетска библиотека од Скопје, со вмрежување на училишните библиотеки на системот Cobiss ќе се овозможи поголема достапност на училишната литература за учениците.

-Целта е да ја понудиме можноста, делчевските училишта да се вклучат во системот Cobiss, преку кој ќе им се овозможи на учениците, да добијат библиотеки кои ќе бидат лесно достапни преку интернет, ќе бидат пребарливи и во секое време да можат да имаат информација што поседува нивната училишна библиотека. Ова според нас е нешто кое ќе им помогне во тековното совладување на учебните единици, а исто така тоа ќе биде можност за самиот наставен кадар да се усовршува и да може поквалитетно да го води воспитно-образовниот процес, рече Ѓалевска.

Токму вклучувањето на училишните библиотеки на системот Cobiss, беше централна тема на меѓународната конференција „Cobiss 2018″ која кон крајот на Ноември се одржа во Марибор, Словенија. На оваа конференција учество зеде јавната локална бибилиотека „Илинден” од Делчево која веќе е дел од Cobiss.

-На оваа конференција беа презентирани новитетите во библиотечната дејност, новитетите во развојот на библиотечниот систем. Присуството го искористивме за размена на меѓусебни искуства со колегите од нашата земја и од другите држави кои се вклучени во мрежата Кобис нет, додаде Ѓалевска.

Кобис системот влегува во петнаесеттата година од своето функционирање. Во неговата работа активно учествуваат 45 институции и библиотеки од различни видови, а очекувањата се до крајот на годината таа бројкада се зголеми на 57 институции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *