Предупредување: Зголемен број на силувања и полови напади

    

Откако минатата недела јавноста беше згрозена од силувањето на малолетната ученичка, грабната на голем одмор од училишниот двор од страна на пријавениот, според билтенот на МВР, во изминатиов викенд има нови силувања.

Поднесена е пријава во петокот за  силувања на две деца од постар малолетник, кој бил нивни сосед во приградска населба на Скопје, а вчера веќе има нова пријава во Струмица за две силувања. Според пријавата, осомничениот насилно ги влечел жртвите кон неосветлен дел од градот, додека истите давале активен отпор и викале да ги пушти.

Со кривичниот законик е предвидена минимална казна затвор  за силување од три, т.е. четири, а максимална казана десет години затвор, за сторителите на ова кривично дело.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

%d bloggers like this: