ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ГОЛЕМИ ОДРОНИ НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ КАМЕНИЦА – ДЕЛЧЕВО

17. Јануари 2018 каменица.мк

Поради одрони сообраќајот на патниот правец Делчево – М.Каменица и обратно се одвива отежнато. Поради дождот кој го зафати Пијанец видлива е појавата на големи одрони кои предизвикуваат големи потешкотии во сообраќајот и отежнато движење на возилата и во двата правци. Препорачливо е почитување на сообраќајната сигнализација и двојно поголема претпазливост во сообраќајот на споменатата релација.

Благодарност до Александар Лазаревски и Делчево365 за благовременото известување!

Leave a Reply

Your email address will not be published.