Прво искачување на непредвидливиот Руен во 2017 година

Тројца планинари на ПСД Москито и ПСД Осогово направија зимско искачување на врвот Руен.

Руен кај планинарите е познат како еден од најнепредвидливите врвови, кој во триаголникот меѓу планините Рила, Пирин и Осогово е со најлоши метеоролошки услови.

Тројцата искусни планинари го совладаа врвот висок 2252 метри на температура од минус 12 степени и при ветар кој варирал од 30 до 50 км/с.

Ветрот, од друга страна, обезбедил ведро време, кое им обезбедило безбедно искачување на тројцата авантуристи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *