Прволигашко дерби во Каменица: ЖКК Баскет Кам – ЖКК Клубски Патриот

Македонска Каменица, 17.10.2018 година – Спортската сала ќе биде претесна да ги собере сите љубители на кошарката од Македонска Каменица кои оваа сабота со почеток од 14 часот ќе имат можност да го следат првиот прволигашки натпревар во кошарка за жени, одигран во својот град.

ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица го пречекува ЖКК Клубски Патриот од соседно Делчево. Се очекува интересен натпревар, во кои домаќините се благи фаворити, според прикажаната игра и резултати од минатонеделното прво коло. Баскет Кам го победи фаворизираниот и силен Гостивар на гости, а делчевки заработија очекуван и катастрофален пораз на домашен терен од Вардар.

Девојките од ЖКК Баскет Кам, ја очекуваат вашата поддршка и Ве покануваат на одличен и интересен натпревар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *