Првиот човек на СЗО порача: „Најлошото е пред нас, ова е вирус кој многумина не го разбираат“

„Најлошото е пред нас“ – предупредил генералниот директор на СЗО, Тедрос Адан Гебрејесус.

„Верувајте ни. Најлошото е пред нас. Ајде да спречиме таква трагедија. Тоа е вирус кој многумина не го разбираат“ – предупредил Гебрејесус во време кога многу од земјите почнуваат да ги ублажуваат рестриктивните мерки поради коронавирусот, пренесуваат од АP.

Тој не образложил зошто мисли дека пандемијата, од која што според податоците на сајтот „Worldometers“ починаа над 170.000 луѓе, додека над 2.4 милиони се заразени, би можела да се влоши.

Тедрос пандемијата коронавирус ја споредил со таканаречената шпанска грозница која што се појавила по Првата светска војна.

„Има многу опасна комбинација и ова повторно се случува за првпат во сто години, како грозницата во 1918-та година која што уби 100 милиони луѓе. Но, сега имаме технологија, можеме да ја спречиме таа катастрофа, мора да спречиме таков вид криза“ – изјавил директорот на СЗО за новинарите во Женева.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *