Прва награда за Ања Спасевска на регионалниот натпревар по Биологија. Тројца ученици од ООУ Св. Кирил и Методиј” патуваат на државен

 Македонска Каменица, 03. Април 2019 година –
   На регионалниот натпревар по Биологија и Природни науки кој се одржа на 23. 03. 2019 год. во Пехчево, под менторство на наставниците Љупка Ристовски, Царка Митревска и Виолета Накова  учествуваа 24 ученика од IV до IX одделение при ООУ “Св. Кирил и Методиј” од Македонска Каменица.
Нанатпреварот се освоени:
    1. Природни науки
    – II награда за учениците: Софија Ситновска V одд. и Лука Стаменковски VI одд.
    – III награда за ученикот Андреј Ангелов V одд.    и
    – пофалници за учениците: Ева Постоловска V одд., Теона Стојчева V одд., Лука Стојановски V одд., Милена Спиридонова V одд., Сара Велиновска VI одд., Петар Митревски VI одд. и Андреј Атанасовски VI одд.
    2. Биологија
    – I награда за ученичката Ања Спасевска VII одд.,
    – III награда за учениците Елена Ристова VII одд., Зорица Караѓозова VIII одд. и Мартина Накова VIII одд.    и
    – пофалници за учениците Анастасија Гоцевска VII одд., Лука Величковски VIII одд., Илина Маневска VIII одд. Александра Ристовска IX одд. и Анастасија Николовска IX одд.
    Од нив учениците Софија Ситновска, Лука Стаменковски и Ања Спасевска продолжуваат на државен натпревар кој ќе се одржи на 11. 05. 2019 година во Скопје.
    На сите ученици и нивните ментори им честитаме за постигнатиот успех и им посакуваме понатамошен успех на државниот натпревар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *