ПРВА ЖРТВА НА АВТОПИЛОТ: Возач загина во Teslа S

Поранешниот припадник на американските морнарски „Фоки“, Џошуа Браун, влезе во историјата како прв човек кој смртно настрада од еден само-возечки автомобил

Браун (40) загинал на автопат во Флорида, кога со својот електричен Model S се забил во приколка од шлепер.

Несреќата се случила на 7 мај, но информацијата за овој настан доспева во јавност дури при крајот на минатиот месец, кога одговорната компанија Tesla Motors објавила официјално соопштување.

По наводите на сведоците кои први пристигнале до несреќниот, тој во моментот на судирот гледал филм од серијалот Хари Потер.

Иако во посочената компанија ги негираат овие наводи, тврдејќи дека не е можно филмот да се пушти на големиот централен екран на мултимедијалниот систем, ние сме склони да поверуваме на сведоците, од колку на компанијата која го сокривала овој катастрофален настан скоро два месеци.

tesla-car-crash-florida-reuters_650x400_41467430431

Возачот на камионот во кој возилото на Браун удрило, Френк Бареси, тврди дека филмот и понатаму се „вртел“ кога пришол на здробениот автомобил. Тој додава дека возилото се движело со толкава брзина што не го ни забележал, се додека не удрило во приколката.

Додека повеќето од медиумите кои известуваат за овој настан се занимаваат со тоа дали возачот гледал филм или не, ние би прецизирале еден многу побитен факт – непосредно пред судирот автомобилот возел со активиран авто-пилот мод, што значи дека факторот човечка грешка е исклучен.

Во своето соопштение Tesla Motors ја признава својата вина, наведувајќи дека системот кој му овозможува автономно возење на Model S воопшто не ја детектирал приколката на камионот, „бидејќи нејзината бојa се стопила со блескавата небеска позадина“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

%d bloggers like this: