По 35 години променета фасадната столарија во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во М.Каменица

Македонска Каменица,12.02.2019 година – Општината Македонска Каменица продолжува со инвестиции во образовните институации во насока на подобрување на условите за престој и работа. Освен редовното одржување и реконструкција, направена е ѝ набавка на нова опрема.

-Во износ од 105.000 денари набавена е нова опрема во детската градинка Бамби како и нова аудиовизуелна технологија. Во ООУ Кирил и Методиј после 35 години променета е фасадната столарија. Во гимназијата набавена е нова машина за чистење на подот“, изјави Соња Стаменкова, градоначалник на Оопштината Македонска Каменица.

Општина Македонска Каменица продолжува со активностите поврзани со подобрување на уловите за работа и престој на учениците и дечињата во училиштата и детската градинка. Во изминтиот период со вкупно издвоени средства од 105.000 денари во ЈОУДГ „Бамби“ се набавени над 50 нови столчиња и 12 масички, со што комплетно се опремени 3 замнимални простории. Набавена е и нова аудиовизуелна опрема за потребите на дечињата, поставена во холот од установата. Во наредниот период, планирано е комплетно уредување на нова занимална за деца од две до шест годишна возраст.

Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ комплетно е променета фасадната столарија на првиот кат од училиштето со што значително се подобрува енергетската ефикасност на објектот. За овој проект, вклучително и поставувањето на „вариолајт“ завеси во дел од училниците и набавката на 130 столчиња и 60 училишни клупи училиштето издвои околу 3.000.000 денари.

Значајно е да се спомене дека, по отворањето на училиштето пред околу 35 години, за прв пат се менува надворешната веќе дотраена фасадна столарија. Планирана е нејзина смена и на горниот кат, како и комплетно реновирање и подобрување на функционалноста на ситемот за парно греење во училиштето.
Како друга значајна активност во делот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во општина Македонска Каменица вредно е да се спомене и изготвениот Проект за комплетно и целосно реновирање на спортската сала. Реновирањето на овој спортски објект е проект со кој ние како Општина аплициравме во Програмата за прекугранична соработка. Во зависност од одговорот, за кој се надеваме дека ќе биде позитивен, предвидена е целосна смена на подот и трибинскиот дел, поставување на комплетно ново осветлување и греење во салата, уредување на надворешниот и внатрешен фасаден дел, како и опремување на канцелариски простории за потребите на организациите на училишни спортови и спортските клубови кои ја користат истата. Во случај на негативен одговор, ние како Општина, заедно со надлежните институции ќе започнеме со етапна реконструкција на спортската сала, бидејќи претставува објект од витално значење за правилен физички на младите. – додаде, градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

Не заостануваат и активностите поврзани со подобрување на условите за работа и престој на учениците и во СОУ „Миле Јаневски Џингар“. Покрај опремените 5 училници и набавката на нагледни средства потребни за настава, набавена е автоматизирана машина, која ќе се користи за подобрување на хигиената во двете училишта. Со подобрувањето на временските услови ќе се продолжи и со доуредувањето на просторот околу новоизграденото повеќенаменско спортско игралиште со спуртон подлога во школскиот двор на училиштето. Со цел да се подобри функционалноста на истото ќе биде поставено и ново осветлување за користење во вечерни термини од страна на спортистите и младите, како и ограда со која истото дополнително ќе биде заштитено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *