ПО 2,5 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ДВАЈЦАТА ШТИПЈАНИ КОИ ПРЕТЕПАА ДЕВОЈКА И СЕ СНИМАА

По 2,5 години затвор за кривичното дело насилство добија штипјаните С. А. (23) и П. Р. (26), кои пред три месеци претепале 22-годишна девојка, а насилството го снимиле на мобилен и по извесно време го објавиле на социјалните мрежи. Пресудата беше изречена во Основниот суд во Штип, а обвинетите беа донесени од притворот во Кумановскиот затвор.

Основниот јавен обвинител Ристе Бојаџиев и адвокатот на обвинетите Валентин Зафиров од Велес, кој не присуствувал на соопштувањето на пресудата, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека ги чекаат написмено официјалните пресуди за да видат какво е образложението, а потоа ќе одлучат дали ќе се жалат или не.

Обвинетите на претходното рочиште се изјаснија за виновни, рекоа дека се каат и ѝи се извинија на девојката и на јавноста за насилството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *