ПО ПАУЗА ОД 25 ГОДИНИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ПОВТОРНО СЕ ОДДРЖУВА ШАХОВСКО ПРВЕНСТВО

Македонска Каменица 15.08.2018 година – Во организација на новоформираниот шаховски клуб „Каменица- Саса“ од Македонска Каменица, денес започна летен шаховски турнир. По пауза од дури 25 години од последниот организиран турнир, во далечната 1992/3 година, пријавените 20 на број шахисти оваа година го ќе играат турнирот по „швајцарски“ систем на натпреварување.

Освен во категорија на мажи- сениори, ќе се одигра и мини турнир во женска конкуренција и пионери до 14 годишна возраст.

Денес се одигра првото коло од вкупно 19, од кои по разигрувањето ќе се добие победникот на овогодинешниот турнир. Наградите за сите финалисти и победници ќе бидат доделени на 28. август – Денот на рударите и Ден на општина Македонска Каменица.

Во просториите на „Куќа на спортот“, место каде се оддржува шаховскиот турнир,  денес присуствуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова која ги поздрави присутните и натпреварувачите, заблагодарувајќи им за можноста шахот повторно да живее како игра во нашиот град. Ја имаше честа да го прогласи турнирот за отворен, при што ја искористи приликата да ја вети својата лична поддршка и потребната поддршката како градоначалник за развојот на шаховската игра во Македонска Каменица.

Најави за потенцијални спонзори и помагатели на шаховскиот клуб „Каменица – Саса“ ги има во поголем број, а во досегашните спонзори се вбројуваат општина Македонска Каменица, Рудник САСА и Автоелектрика сервис „Злате“ – Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *