По мотото „Сите на велосипед“ се одбележа Денот на велосипедизмот во ООУ „Св. Кирил и Методиј“- Македонска Каменица

Македонска Каменица 10.10.2018 година – Учениците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица денес ја спроведоа кампањата „Светски ден на велосипедизмот“ под мотото „Сите на Велосипед“.


Учениците во овој Еко Проект земаа учество со свои велисипеди, при што на секој велосипед имаше залепено парола „Вози велосипед да бидеш здрав како дрен“, „За да бидеш здрав како дрен вози секој ден“ , “До здравје со велосипед” итн.
Во акцијата учествуваа 46 ученици во придружба на наставникот по физичко и здравствено образование Сашо Мицевски. Учесниците во кампањата, обезбедувани од полицијата возеа по улиците од центарот на градот и назад до училиштето. 


Во оваа акција учествуваа наставничката од одделенска настава Ленче Спасевска, наставникот по техничко образование Миле Зафировски, педагогот на училиштето, Марија Гоцевски и кординаторот на ЕКО проектот, наставник Снежана Ѓорѓиевска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *