Почнува лотаријата за бесплатна „зелена карта“ на САД

Започна лотаријата за зелена карта за 2020 година со која се овозможување легален престој во САД и истата ќе трае до 6 ноември до 18.00 часот, соопшти Американската амбасада во Скопје.

Заинтересираните можат да се пријават на официјалната веб страница www.dvlottery.state.gov, каде што има целосни инструкции.

Од Амбасадата на САД велат дека за пријавување во програмата не се плаќа административна такса.

На учесниците во лотаријата им се сугерира да чуваат копија од единствениот број од потврдата најмалку до 30 септември 2020 година, бидејќи тој број е единствениот начин преку кој ќе може да се провери дали некој е избран за иселеничка виза. Стејт Департментот нема да ги контактира учесниците преку електронска пошта, туку тие самите треба да проверат дали се избрани на 7 мај 2019 година.

„Доколку добиете електронска пошта која ви кажува дека сте биле избрани, тоа е измама“, предупредува Американската амбасада во Скопје.

Учесниците во лотаријата за зелена карта мора да се пријават со нова фотографија и смеат да се пријават само еднаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *