Почна изградбата на нова улица во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 29.10.2019 година – Општина Македонска Каменица во рамки на усвоената Програма за развој и работа за 2019 година, започна со изградба на улицата Даме Груев.

Оваа улица со должина од 650 метри е од огромно значење за жителите од оваа населба, бидејќи за прв пат добиваат пристапен пат до своите домови. За изградба на улицата Даме Груев, каде моментално се вршат градежни работи за пробивање на трасата, општина Македонска Каменица издвои 11.167.005,00 денари. Во проектот за изградба на улицата покрај коловозниот дел со ширина од 5,5 метри, предвидени се и две тротоарни патеки со стандардна ширина од 1,5 метри, – изјави Соња Стаменкова, градоначалник на општина Македонска Каменица

Како што, градоначалничката Стаменкова надополни во својата изјава, општина Македонска Каменица преку изградбата на нова инфраструктура ќе продолжи со подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните и развојот на општината. Со истиот изведувач, општина Македонска Каменица веќе има склучено договор за изградба на повеќе селски патишта во неколку селски средини за кои ќе издвои дополнителни 15.161.521,00 денар. Краен рок за реализирање на овие проекти е кон крајот на месец мај во 2020 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *