Почина Стивен Хокинг

На 76 годишна возраст почина веројатно најпознатиот и најголем научник на модерното време, славниот Стивен Хокинг.

Хокинг починал мирно во неговиот дом во Кембриџ, денес, во раните утрински часови, пренесуваат од неговото семејство изразувајќи голема тага за загубата на нивниот сакан татко.

 

Хокинг 30 години бил професор на математичката катедра во Кембричкиот универзитет, превземајќи ја таа функција во 1979 и повлекувајќи се на 1 октомври, 2009. Во поново време директорувал со истражувачкиот центар за теориска космологија во одделот за применета математика и теориска физика на Кембричкиот универзитет.

Тој е познат по своите придонеси во полето на космологијата и квантната гравитација, особено во контекс на црните дупки. Исто така, тој се здобил со успеси за неговата работа во полето на популарната наука во која тој генерално дискутира за неговите теории и космологијата.

Во клучните научни трудови на Хокинг се вклучени обезбедувањето, со Роџер Пенрос, теореми во врска со гравитациските сингуларности во рамките на општата релативност и теориското предвидување дека црните дупки емитуваат радијација, што денес е познато како Хокингова радијација.

Стивен Хокинг е во големи размери инвалидизиран од страна на лателарна амиотропкса склероза позната како амиотрофична латерална склероза (АЛС). Болеста на Хокинг е значајно поразлична од типичната АЛС во тоа што неговиот облик на АЛС ќе го направи него најдолготрајниот случај кој некогаш бил евидентиран. Преживување по десет години по дијагнозата е необично за АЛС.

Кога бил млад, тој ужувал во јавање на коњи и играње со останатите деца. Во Оксфорд тој се приклучил во кајакарски тим, за кој тврди дека му помогнал да се извлече од прекумерната здодевност на универзитетот. Симптомите на ова нарушување за прв пат се појавиле додека бил запишан на универзитетот во Кембриџ – го загубил балансот и паднал надолу по скалите удирајќи ја својата глава. Загрижен да не ја загуби својата генијалност направил Менса тест за да потврди дека неговите интелектуални способности останале непроменети. Дијагнозата на латералната амиотропска склероза се појавила кога Хокинг има 21 година, кратко пред неговиот прв брак, а докторите велеле дека нема да преживее повеќе од две или три години. Постепено ја загубил котролата над неговите раце, нозе и глас и од 2009 г. бил скоро целосно е парализиран.

За време на посетата на истражувачкиот центар ЦЕРН во Женева, 1985, Хокинг добил пневмонија која за неговата состојба била вистинска животна закана и неговиот веќе ограничен респираторен систем бил оштетен. Веднаш му била спроведена трахеотомија и како резултат на тоа ја изгубил и малата способност за говорење која ја поседувал. Од тогаш тој користи електронски гласовен комјутер за да комуницира.

Направата „DECtalk DTC01“ која ја користи за зборување и има англиско-американски акцент веќе не се произведува. Прашан за тоа зошто сеуште ја чува после толку години, Хокинг рекол дека не слушнал глас кој му се допаднал и дека се препознал во овој. Се вели дека Хокинг бил во потрага по замена бидејќи говорниот синтезер бил премногу голем за денешните стандарди. Од средината на 2009, Хокинг рекол дека го користи „VoiceText“ на компанијата „NeoSpeech“.

На прославата на неговиот шедесет и петти роденден на 8 јануари, 2007, Хокинг го најавил својот план за безтежински лет во 2007 за да се подготви за суборбиталниот вселенски лет во 2009 овозможен од „Virgin Galactic“. Милјардерот Ричард Бренсон ветил дека ќе ги плати сите трошоци за летот што чинело околу 100,000 фунти. Овој лет на Стивен Хокинг во леталото „Vomit Comet“ на корпорацијата „Zero Gravity Corporation“ кој се остварил на 26 април, 2007, му овозможил осум пати да ја искуси безтежинската состојба. Тој стана првиот квадриплегист кој ја искусил оваа состојба. Ова бил првиот пат во четириесет години кога тој се движел слободно, без неговата количка. Нормалната цена е 3.750 американски долари за 10-15 параболи, но на Хокинг не му биле побарани пари за тоа. Малку футуристички, Хокинг пред летот изјавил:

„Многу луѓе ме прашаа зошто сакам да го направам овој лет. Го правам ова поради многу причини. Пред се, верувам дека животот на планетата Земја е се поголем ризик со можност да бидете избришани од некоја катастрофа како на пример ненадејна нуклеарна војна, генетски модификуван вирус или некоја друга опасност. Јас мислам дека човековата раса нема иднина доколку не отиде во вселената. Па, според тоа, сакам да го поттикнам јавниот интерес во однос на вселената“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *