ПОЧИНА ПЛЕЈБОЈОТ ХЈУ ХЕФНЕР

Почина Хју Хефнер

Основачот на Плејбој, Хју Хефнер, почина на 91-годишна возраст.

Од изданието објавија дека тој починал од природни причини во неговиот дом, познатиот „Плејбој“ имот во Лос Анџелес.

Хефнер го објави легендарното списание во 1953 година од својот стан. Првото издание вклучува голи слики на Мерилин Монро и станува апсолутен хит.

Во неговите најсилни години, Плејбој стигнал до тираж од 7 милиони, пред неговата популарност да се намали со доаѓањето на Интернет.

Хју Хефнер беше познат по демонстрирањето на боемскиот живот. Се верува дека неговата состојба значително се намалила со текот на годините. Се женел два пати, има четири деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *