Почина новинарот Киро Герасимов

Синоќа во Кочани во 71 година од животот почина Киро Герасимов.

Герасимов остави длабоки траги во кочанското издавачко творештво. Беше поет, новинар, публицист и преведувач за што имаше добиено голем број признанија како во општината, во Македонија, така и надвор од неа.

Кочанската јавност ќе го памети по големиот број на издадени книги од речиси сите области, почнувајќи од театарскиот живот, па преку музиката и спортот во градот се до областа од историографијата и археологијата.

Последната негова книга „Зборува Радио Кочани“ ја доживеа својата промоција на 16 март оваа година.

Izvor: Komarec.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *