Потсетување за пчеларите од Македонска Каменица: Заштитете ги пчелните семејства пред најавеното авиотретирање против комарци

Македонска Каменица, 08. Јули 2019 година – Потсетување до граѓаните и пчеларите од Македонска Каменица, дека во среда на 10 јули 2019 г. во периодот меѓу 04:00 и08:00 часот наутро, екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово на територијата на општина Македонска Каменица ќе спроведат авиотретирање против комарци. Претходно, во вторник 09. Јули 2019 година помеѓу 22:00 и 24:00 часот ќе биде извршено и терастичното прскање против комарци во градската средина на општина Македонска Каменица.

Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови.

 

Уште еднаш ја користиме можноста да упатиме потсетување до сите граѓани на општината, пред се до пчеларите за потребата од преземање на потребни заштитни мерки за заштита на пчелните семејства пред авиотретирањето против комарци, за време на истото, како и по неговото завршување на целото зафатено подрачје од општина Македонска Каменица

При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *