Поставено подно греење во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица

По иницијатива на свештенството во храмот посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица, со благослов на Неговото Преосвештенство епископот Делчевско – каменички г.Марко се постави подно греење, – стои во сооопштението од Делчевско – каменичката епархија

На овој начин се реши деценискиот проблем со греењето во храмот. Од Делчевско – каменичката епархија се надеваат, дека присуството на верниците за време на Богослужбите ќе биде поголемо, заради подобрување на услови во храмот.

Од таму, упатуваат благодарност до свештенството и екипата која го поставуваше подното греење и за несебичното залагање во овој проект.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.