Посебности и карактеристики на осоговско – малешевското наречје

 

Малешевското наречие спада в Источната група на централно-балканските славјански говори

Употребува се в Малешевијата, Пијанец, Виничко, Радовичко, Осоговијата, Струмешница, Чустендилско, Дупнишко, Горноџујамско, Светиврачко, Петричко и Разлог…

Малешевското наречие не се употребува в Струмичко, Неврокопско, Демирхисарско, Сингартиско иако звучат аналогно…

Се смета оти настанал околу Осоговијата или посеверно, со експанзија на т.н.шопски говори југ, запад и исток и мешање со постарите (славо)македонски говори се формирало денешното малешевско наречие…
Содржина
1 Фонолошки карактеристики
2 Морфолошки карактеристики
3 Лични заменки
3.1 Еднина
3.2 Множина
4 Надворешни врски
Фонолошки карактеристики
старословенскиот глас Ѫ (он) преминал во а : даб, габа, важе
замена на старословенските ерови Ъ > о, Ь > е : бочва, сон, дош, свекор, пекол, ден, темен, тенка
употреба на согласната група шч и жџ на местото на старословенските *tj, *dj : кашча, гашчи, ношческа, плешчи, вежџа, межџа, нужџа
измена на самогласките :полн > п’н, болва > б’а, волна > в’на, жолт > ж’т, солза > с’за
вокално л и р: длг, клбо, крв, трн, грло, дрво
употреба на предлог (во град > у градо)
употреба на архаичната х наместо в на крајот на зборот (видов > видох): бух(був), страх(страв)
испуштање на буквата т при членувањето на именките (братот > брато)
меки согласки љ и ќ на крајот на зборот: сољ, кронџуљ, темељ, жељќа, точиљќа
Морфолошки карактеристики
сегашно време 1л.ед. со а : ода (одам), печа (печам), пија (пијам)
употреба на наставката -ове за множина : волове, носове
употреба на предлозите воф(во) и сос(со)
употреба на глаголски прилог со наставка -јќи : одејќи, викајќи
употреба на наставка за имперфект – шеа : одешеа (одеа), викашеа (викаа), пијешеа (пиеја)
акцент врз наставката за 1л.ед.аорист кај глаголи на ох : пеко́х, реко́х, влего́х
Лични заменки
Еднина
Јас
Ти
Он
Она
Оно
Множина
Ниe
Виe
Тиe, Они

Малешевско наречие на картата на централно-балканските
дијалекти(Од Википедија — слободната енциклопедија)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *