“Порака” во Македонска Каменица организираше форум на тема: “Изнаоѓање начини за подобра социоекономска инклузија на лицата со посебни потреби во средината”

02.XII.2017 kamenica.mk

Здружението “Порака”, вчера во просториите на општина Македонска Каменица организираше форум за лицата со посебни потреби на тема: “Изнаоѓање начини за подобра социоекономска инклузија на лицата со посебни потреби во средината”. Повод за организирање на ваков настан беше претстојниот Меѓународен ден на лицата со посебни потреби, 03 Декември. На форумот беа присутни претставници од Дневниот Центар за лица со посебни потреби- Делчево, претставници од подрачното Министерство за труд и социјална политика- Делчево, претставници од општина Македонска Каменица, како и претставници од СОУ Миле Јаневски Џингар и ООУ Кирил и Методиј од Македонска Каменица
Акцентот на дебатата помеѓу присутните чинители на форумот беше ставен на скорешното ставање во функција на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, начини на негово поуспешно и рационално менаџирање и користење, како и потребата од соодветен стручен кадар за негово успешно функционирање во насока за подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *