Поради одрон во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Кочани

Македонска Каменица 12.01.2021 година – Во целосен прекин е сообраќајот на регионалниот пат Македонска Каменица – Кочани поради поголем камен одрон на двете коловозни ленти.

Одронот нема причинето материјална штета врз учесниците во сообраќајот. Возилата се враќаат назад кон Каменица и Кочани, а сообраќајот до отстранување на одроните ќе биде пренасочен преку локаниот пат село Бигла – Виница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *