Поларни температури во Македонија

Македонија под нула, во Маврово и Берово утрово -20 степени

Во Маврови Анови и Берово утрово се измерени -20 степени, на Попова Шапка -18, во Битола и Крива Паланка -16, Крушево -15, Тетово и Прилеп -13. Во Охрид, Штип и Виница се регистрирани 12 степени под нулата, во Дебар и Демир Капија -11, Струмица и Куманово -19, во Скопје -9, Дојран -6 и во Гевгелија -4 степени.
Највисока снежна покривка има во Маврово 39 сантиметри, на Попова Шапка 31 и во Круево 15.
Времето денеска ќе биде студено со максималната температура  до 6 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност и студено  и максималната температура до еден степен.

Во наредните денови ќе продолжи студеното време. До утре температурите на повеќе места ќе се спуштаат под -10 степени, но дневните  ќе бидат во постепен пораст. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *