ПОКАНА од “Еко Кам Мед” за одбележување на патронот на пчелата и пчеларите Св. Харалампие

Македонска Каменица, 21.02.2021 година – Покана од Здружението на пчелари “Еко Кам Мед” од Македонска Каменица за одбележување на патронот на пчеларите и пчелите Св. Харалампие. Во поканата од  Пчеларското Здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица стои: Ги известуваме пчеларите членови дека, со почитување на здравствените мерки против Covid 19 вирусот, во вторник 23.02.2021 година, со почеток од 10 часот, ќе биде одбележан заштитникот на пчелата и пчеларите СВ. Харалампие. Настанот традиционално ќе биде организиран пред Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” и во “Паркот на пчелата” на кејот од Каменичка река.

Покрај другите активности од скратената програма поради мерките за заштита од Ковид 19, предвидено е на сите присутни членови да им бидат поделени медоносни садници, костен и јавор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *