Покана за дискусија на тема: „Евроатлантските интеграции и придобивките за НВО секторот од членството во ЕУ и НАТО“

Македонска Каменица 11.09.2018 година – На 12.09.2018 (среда) во просториите на Дом на култура во Македонска Каменица, со почеток од 19:00 часот ќе се оддржи дискусија на тема „Евроатлантските интеграции и придобивките за НВО секторот од членството во ЕУ и НАТО“.

Во согласност со определбата на Владата на Република Македонија за партнерство со граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување политики, поканата е упатена за дискусија за актуелни прашања од посебно значење за напредокот на Република Македонија.

На дискусијата ќе се разговара за пристапувањето на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО алијансата, како и за претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година. На истата ќе присуствува и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *