Познат идентитетот на лицето што завчера загина во сообраќајката кај Штип

07.XI.2017 (kamenica.mk)

Четириесет и седумгодишен скопјанец е жртвата од несреќата којашто се случи во неделата вечерта на магистралниот пат Кочани – Штип, извести министерството за внатрешни работи во вторникот по идентификувањето на настраданиот.

Сообраќајната несреќа се случила во неделата вечерта околу 21 часот, како што беше информирано во билтенот од понеделникот, кога настрадал пешак кого полицијата го идентификува како 47-годишниот Н.С. од Скопје.

По дадени насоки на Основното јавно обвинителство Штип и по извршената обдукција и препознавање, телото е предадено на семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published.