Познати се неколку детали за настапот на Kultur Shock во Македонска Каменица

Познати се првите детали за настапот на американскиот бенд Kultur Shock на True Sound of Kamenica во Македонска Каменица. Иако се работи за бенд кој има настапувано на сите големи светски фестивали, барањата на членовите на бендот се сосема скромни и се во границите на она што го бараат и сите попопуларни македонски бендови.

Концертот технички ќе биде реализиран на највисоко ниво. што всушност е случај и со секој досегашен настан кој се оддржал во рамки на True Sound of Kamenica. Во моментов се преговара со повеќе македонски бендови од кои еден ќе биде предгрупа на Kultur Shock.

Влезниците за овој концерт ќе се продаваат низ цела Македонија, онлајн и преку дистрибутивната мрежа на една реномирана македонска компанија, а бројот на влезници е ограничен. Првиот пакет од 500 влезници ќе биде пуштен во продажба на 15-ти април по промотивна цена од 250 денари.

За врвна организација, за концертот на Kultur Shock, за Europ’Raid 2018 и за уште неколку настани кои веќе се во подготовка, АСГАРД 2015 ќе потпише договори со реномирани македонски компании кои ќе се погрижат се да биде на највисоко ниво. Конечната цел е True Sound of Kamenica да прерасне во еден од најголемите македонски фестивали и препознатлив бренд ширум регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *