Пожар на депонијата во Македонска Каменица. Постои можност да биде затворен патот кон Делчево.

Од засега непознати причини гори депонијата во Македонска Каменица. Екипи на локалната ТППЕ се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот, а нивната работа дополнително е отежната поради огромната количина на пластика и други лесно запаливи материјали во отпадот. Во моментов постои можност за проширување на пожарот и на околната шума, што пак ќе биде причина за затварање за сообраќај на патниот правец Македонска Каменица – Делчево.

kamenica.mk очекува и официјална информација од надлежните која ќе биде дополнително објавена.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *