Пожар на Градежен факултет во Скопје

09.XI.2017 (kamenica.mk)

Густ чад се издига од зградата на Градежниот фалкултет во Скопје, кој се наоѓа на булеварот Партизански одреди.

Според очевидци, на местото се упатени повеќе противпожарни возила и возило на итната медицинска помош, но засега нема детали за тоа дали евентуално има повредени и што е причината за пожарот. Нема информации ниту од Центарот за управување со кризи, ниту од Противпожарната единица на Скопје.

Фото: facebook

Leave a Reply

Your email address will not be published.