Пожарот на депонијата во Македонска Каменица ставен под контрола

 

Пожарот на градската депонија во Македонска Каменица, кој беше предизвикан од досега непознати причини и сторители, целосно е ставен под контрола, без можност да се прошири кон останатиот отворен простор.

Пожарот е активен само во внатрешниот централен дел на депонијата. Екипа на ТППЕ е дежурна на теренот. Во утринските часови, со помош на крупна градежна механизација ќе биде пристапено кон целосно гаснење на пожарот со настелување на земја врз отпадот – изјавии Малин Трајчевски, командир на ТППЕ Македонска Каменица

Вчера во текот на попладневните часови, пожарникарите имаа истовремена интервенција и на излезот од Македонска Каменица кон село Саса. Пожар во кој изгореа 2 декари и дрвена ограда од приватен имот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *