Пожарникарите успеаа да ги спасат домовите на жителите во село Саса

Македонска Каменица, 30.03.2019 година

Пожарот во село Саса се уште е активен, но ставен под контрола. Акцијата од утрово е поддржана и со авионско гасење.

Спасени се домовите на жителите од село Саса. Жителите од маало Аџии повторно се во своите куќи кои во синоќешната акција ТППЕ од Македонска Каменица и регионот, екипи на Национални шуми, Шумска полиција со поддршка на ЈП Камена Река успеаа да ги спасат од огнената стихија – изјави Малин Трајчевски, командир на ТППЕ Македонска Каменица

Екипите остануваат на терен до целосно гаснење на пожарот, чие гасење е отежнато од силниот ветар и непристапниот ттерен. Акцијата е поддржана со авионско гаснење.

Повеќе информации во текот на денот

Leave a Reply

Your email address will not be published.