Подгответе се: Најава за попладневни врнежи од дожд

Денеска ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Врнежите ќе продолжат и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во текот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има утре попладне и преку ноќта кон среда, а потоа и на крајот од работната седмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *