Повторно гореше депонијата во Македонска Каменица

Брзата интервенција на ТППЕ спречи ширење на пожарот на депонијата во Македонска Каменица.


Веднаш по добиениот повик, нашите екипи излегоа на терен. Интервениравме со едно противпожарно возило. Со брзата акција на пожарникарите и вклучената механизација од ЈП Камена Река не дозволивме пожарот да се прошири. Според нашите сознанија на терен, пожарот е предизвикан намерно од засега непознато лице. Случајот е пријавен во полиција, се надеваме дека сторителот ќе виде пронајден, – изјави во телефонски разговор за kamenica.mk, командирот на ТППЕ – Македонска Каменица, Малин Трајчевски

Ова е втор посериозен случај за намерно палење на депонијата во Македонска Каменица. Во двата случаи интервенираа екипи на ТППЕ – Македонска Каменица и вработените во ЈП Камена Река.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *