Повторна дезинфекција на скалите и влезовите во колективните живеалишта во Македонска Каменица

Македонска Каменица 15.04.2020 година – Во текот на денешниот ден, ЈП Камена Река започна со повторна дезинфекција  на влезовите, скалите и заедничките простории кои ги користат станарите од колективните згради за домување во Македонска Каменица. Дезинфекцијата се врши како дел од мерките кои ги презема општина Македонска Каменица за спречување на појавата на зараза од Ковид-19 на територијата на Македонска Каменица.

Дезинфекцијата се врши согласно со Оперативниот план и заклучоците донесени на Општинскиот кризен штаб.

ЈП Камена Река ги известува претседателите на куќните совети од колективните станбени објекти, согласно со мерките и активностите за превенција од појавата и евентуалното ширење на болеста коронавирус, дека е потребно и самостојно да преземаат секојдневни мерки за дезинфекција на влезовите, скалите, помошните простории и др. простории кои се користат од станарите. Раствор од хлор можат бесплатно да добијат и жителите кои домуваат во индивидуалните живеалишта, секој работен денп 14 часот во кругот на ЈП Камена Река.

Акциите за дезинфекција на улиците, јавните објекти и површини, како и колективните згради за домување ќе продолжи и наредниот период согласно со планот за заштита  спасување.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *