Повреден возач во несреќа на патот Делчево – Очипала

Делчево, 02.10.2018 година – Според полицијата, вчера во 10 часот било пријавено дека на локалниот пат Делчево – село Очипала, кај место викано Ралова Чука, се случила сообраќајна незгода помеѓу „цитроен саксо“ со делчевски регистарски таблички, управувано од В.Г.(55) од с.Очипала, Делчевско, и возило „форд“ со штипски регистарски таблички, управувано од Д.П.(74) од Делчево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „форд“, Д.П., кој по укажаната лекарска помош во болницата во Делчево, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид бил извршен на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Izvor: delcevodenes.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *