Победничката серија на каменичките кошаркари сеуште трае

Александар Тодоровски и Кире Блажевски повторно се најзаслужни за новите победи на КК „Баскет Кам“ во генерациите М-18, односно М-16.

Постарата генерација на „Баскет Кам“ го совлада тимот на „Михајловски“ од Куманово со резултат 53:34. Најмногу поени постигна Александар Тодоровски (20 поени), а по него следеа Димитар Стоименов со 14 и Дамјан Тодосиев со 7 поени.

Помладите (М-16), беа подобри од составот на „Борец Еуробрик“ и победија со 90:70. Кире Блажевски постигни одлични 36 пеони, Никола Орлов додаде 20, а Дамјан Тодосиев 19 поени.

Момчињата и во двете генерации имаат скор од седум победи од исто толку одиграни натпревари, а женската екипа на „Баскет Кам“ има две победи од два одиграни натпревари.

Огромна заслуга за одличните резултати на КК „Баскет Кам“ секако им припаѓа и на тренерите Горан Даниловски и Јордан Цветановски, како и на главните спонзори на тимот – општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *