Висока победа на ЖФК Каменица Саса во 17. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија. ЖФК Шкендија – ЖФК Каменица САСА одиграа 0:12 на Градскиот стадион во Тетово.
Висока победа и нови три бодови. Девојките расположени за игра, доминантни и ефикасни, – кратко истакнаа од ЖФК Каменица САСА
Следниот натпревар ЖФК Каменица САСА го игра на домашен терен против екипата на Деспина од Прилеп. Станува збор за полуфинален натпревар од Купот на Македонија.
#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај