План: Ајде да им ја одземеме моќта на милијардерите!

План: Ајде да им ја одземеме моќта на милијардерите

Пишува: Берни Сандерс

Еве каде се наоѓаме како планета во оваа 2018 година: по светските војни, револуции и меѓународни самити од минатиот век, живееме во свет во кој неколку неверојатно богати поединци имаат неразмерно високо ниво на контрола врз економскиот и политичкиот живот на глобалната заедница.

додека милијардерите се перчат со своето богатство, еден од седуммина луѓе во светот се бори да преживее со помалку од 1,25 долари на ден и што е застрашувачко, околу 29.000 деца секој ден умираат од излечиви болестиИако звучи неверојатно, факт е дека шестмина најбогати луѓе на планетата денес поседуваат повеќе богатство отколку долната половина на светската популација која опфаќа 3,7 милијарди луѓе. Исто така, 1 отсто најбогати, денес има повеќе пари отколку што заедно имаат останатите 99 отсто. Истовремено, додека милијардерите се перчат со своето богатство, еден од седуммина луѓе во светот се бори да преживее со помалку од 1,25 долари на ден и што е застрашувачко, околу 29.000 деца секој ден умираат од излечиви болести како што се дијареја, маларија и воспаление на белите дробови.

Во исто време, ширум светот, корумпираните елити, олигарсите и анахроните монархии трошат милијарди долари на апсурдни ектраваганции. Султанот од Борнео поседува околу 500 автомобили Ролс-ројс и живее во најголемата палата на светот, градба со 1.788 соби чија вредност се проценува на околу 350 милиони долари. На Блискиот Исток каде жиевеат 5 од 10-те најбогати светски монарси, младите принцови се забавуваат како дел од светскиот џет-сет, додека овој регион страда од највисока стапка на невработеност на младите во светот, а 29 милиони деца живеат во беда и без пристоен покрив над главата, чиста вода и квалитетна храна. Освен тоа, додека стотици милиони луѓе живеат во нехумани услови, насекаде низ светот се богатат трговците со оружје, а владите трошат милијарди долари за вооружување.

Во САД, Џеф Безос, основачот на Амазон и моментално најбогатата личност во светот, располага со 100 милијарди долари. Тој поседува 4 палати кои вкупно вредат повеќе десетици милиони долари. Како тоа да не е доволно, тој ќе потроши 42 милиони долари за изградба на часовник кој би требало да работи 10.000 години во внатрешноста на планина во Тексас. Истовремено, во магацините на Амазон ширум земјата, неговите работници работат тешко и прекувремено, а платени се толку малку што мора да се потпираат на „Медикејд“ боновите за храна и јавните станови што ги обезбедуваат американските даночни обврзници.

И ова не е сè. Во време на огромна нееднаквост во богатството и приходите, луѓето ширум светот ја губат вербата во демократијата, во власта на народот, од народот и за народот. Тие брзо стануваат свесни дека глобалната економија е така наместена да ги наградува само оние на врвот, а на сметка на сите останати и тоа им предизвикува гнев.

Милиони луѓе во САД и во други држави работат подолго и се платени помалку отколку пред 40 години. Им преостанува само беспомошно да гледаат како моќното малцинство купува избори, а политичката и економска елита се богати додека иднината на нивните деца е сè помрачна.

Во ситуација на вака изразена нееднаквост, сведочиме и на вознемирувачкиот подем на авторитаризмот и десничарскиот екстремизам кој се храни, го експлоатира и го засилува незадоволството на оние на кои системот заборавил и ја распламтува етничката и расна омраза.

Денес, повеќе од кога било порано е потребно сите оние кои веруваат во демократијата и прогресивното владеење да ги обединат работните и слабо платените луѓе низ светот околу програма која ќе ги одразува вистинските потреби на луѓето.Денес, повеќе од кога било порано е потребно сите оние кои веруваат во демократијата и прогресивното владеење да ги обединат работните и слабо платените луѓе низ светот околу програма која ќе ги одразува вистинските потреби на луѓето.Наместо омраза и поделба, мора да понудиме порака на надеж и солидарност. Мора да развиеме интернационално движење кое ќе се спротивстави на алчноста и идеологијата на класата милијардери и ќе нè поведе во свет на еконмска, социјална и еколошка правда. Дали борбата ќе биде лесна? Се разбира дека не. Но, тоа е борба што не можеме да ја избегнеме. Влоговите се преголеми.

Како што во својот говор во Ватикан, во 2013 година, исправно забележа папата Франциско: „Самите си создадовме нови идоли. Некогашното обожување на златното теле денес се одразува во нова, бездушна слика на култот на парите и диктатурата на економскиот систем кој е безличен и лишен од каква било хуманитарна цел“. Тој го додаде и следново: „Денес сè им подлегнува на законите на конкуренција и опстанок на најспособните, според кои моќните се хранат со немоќните. Последица на тоа е што маса луѓе се исклучени и маргинализирани: без работа, без можности и без излез од таквата ситуација.“

Новото меѓународно прогресивно движење треба да се посвети на елиминирање на структурната нееднаквост помеѓу и внатре во државите. Тоа движење мора да го надмине менталитетот на „култот кон парите“ и „опстанок на најмоќните“ на кои предупредува папата. Тоа мора да ги поддржи националните и интернационалните политики на подигнување на животниот стандард на сиромашните и на луѓето од средната класа – почнувајќи од потполна вработеност и минимална плата, па сè до универзало достапно високо образование, здравство и договори за фер трговија. Освен тоа, мора да ја зауздаме моќта на корпорациите и да ја спречиме еколошката катастрофа која се заканува да ја загрози нашата планета како последица на климатските промени.

Еве само еден пример на тоа што треба да се направи. Пред само неколку години, Мрежата за праведни даноци излезе со проценка дека најбогатите луѓе и најголемите корпорации во светот насобрале помеѓу 21 и 32 билиони долари во даночните раеви за да го избегнат плаќањето даноци. Ако би работеле заедно на елиминацијата на даночните злоупотреби, новите приходи од данок би биле доволни да се оконча гладот во светот, да се создадат милиони нови работни места и значајно да се намалат екстремните нееднаквости во приходите и богатството. Овие приходи би можеле да бидат искористени и за агресивно придвижување кон одржливо земјоделство и за забрзана трансформација на нашиот енергетски систем во насока на користење обновливи извори на енергија.

Кога луѓето чувствуваат дека картите се наместени против нив и не гледаат дека имаат на располагање каков било легитимен начин за исправање на оваа неправда, тогаш се склони да се свртат кон штетни решенија кои само дополнително го влошуваат проблемот.Треба да се заузда алчноста на Волстрит, моќта на гигантските мултинационални корпорации и влијанието на глобалната класа на милијардери, тоа не само што е морално исправно, туку е и стратешки и геополитички императив. Истражувањето на ОН покажа дека граѓанската перцепција на нееднаквоста, корупцијата и исклученоста, најконзистентно предвидува дали заедницата ќе ги поддржи десниот екстремизам и насилните групации. Кога луѓето чувствуваат дека картите се наместени против нив и не гледаат дека имаат на располагање каков било легитимен начин за исправање на оваа неправда, тогаш се склони да се свртат кон штетни решенија кои само дополнително го влошуваат проблемот.

Ова е клучен момент во светската историја. Со експлозивниот пораст на технологијата и тоа што предизвика, денес конечно имаме можност на правичен начин значајно да го зголемиме светското богатство. Ни стојат на располагање средствата за елиминирање на бедата, продолжување на просечниот животен век и создавање на достапен и еколошки одржлив глобален енергетски систем.

Тоа е она што може да го направиме ако имаме храброст да се соочиме со моќните интересни групи кои сѐ повеќе од сè сакаат само за себе. Тоа е она што треба да се направи заради нашите деца, внуци и иднината на нашата планета.

Извор: The Guardian
Слики: Стив Катс

Извор: Окно

Leave a Reply

Your email address will not be published.