Планинарски марш по повод 74 години “Февруарски поход”

Општина Делчево и оваа година по повод годишнината од Февруарскиот поход организира низа активности со цел одбележување на овој значаен датум за македонската историја. За 74 годишнината од одбележувањето на значајниот датум од НОВ, предвидено е организирање планинарски марш до Голак. Настанот и маршот ќе се одржат на ден 25.02.2018, а на истиот можат да учествуваат сите граѓани од Општина Делчево, здруженија на граѓани, јавните претпријатија, институции, политички партии и други заинтересирани лица.
Учесниците на планинарскиот марш ќе положат свежо цвеќе пред спомен -плочата на Февруарскиот поход каде ќе бидат доделени благодарници од Општина Делчево на учесниците на маршот за кои организаторот има обезбедено ручек и топол напиток (чај).

Официјалната програма за одбележување на овој настан е следнава:

25.02.2018година (недела)

08, 30 ч. -Тргнување од пред Спомен-домот АСНОМ во центарот на Делчево на учесниците во маршот (маршрута: Делчево-Стар Расадник-манастирски комплекс „Св. Богородица Балаклија“-детско одмаралиште-шумска зграда). Патеката е долга 24 километри (во двата правци).

12.00 часот- Свеченост по повод 74-годишнината од Февруарскиот поход и полагање свежо цвеќе пред спомен-плочата на Февруарскиот поход

13.00.часот-ручек

14.00 часот: Враќање на учесниците по истата патека назад, Голак-Делчево.

За учесниците на маршот кои нема да се враќаат пешки кон Делчево ќе има обезбеден бесплатен превоз на релација Голак-Делчево.

Пријавување за учество на настанот кај лицето Ванчо Новоселски на тел 078413680 или во Општина Делчево на тел. 033 411 550.

Извор: Делчево365

Leave a Reply

Your email address will not be published.