Планинарски марш за промоција на колибарењето во Малешевските Планини. Викендов 20-ина планинари од Делчево, Кочани и Берово, организирани од ПСД „Голак“ поминаа 16 км низ Малешевските Планини за да ги видат се уште активните колиби и начинот на производство на здрава храна.
- Овој пат сакавме да афирмираме на малешевските планини и промовирање на Митковата колиба на 1315 метри. Сметаме дека ПИјанец и Малешевјата се уникатни места каде постојат вакви колиби каде луѓето го зголемувале фондот на стока и сметаке дека се интересно место за туристите овде се произведива природна храна и треба да се посетуваат, изјави Љупчо Чучуковски, ПСД Голак Делчево.
Поволните временски услови им дозволија на љубтелите на природата без проблеми да ја поминат планираната маршрута.
- Почетната точка беше ресорт и спа центар „Аурора“ на 1031 м.н.в. па Долни Шабан 1184 м.н.в. па Пипонски Лаки и се до Митковата колиба на 1315 м.н.в. додека враќањето беше по Дебел Рид сè до вливот на Беровското Езеро околу кое направивме една обиколка, кажа Чучуковски.
Наредна акција на овие планинари ќе биде учество на планинарски марш по повод Денот на планината 11 Декември, а кој е во организација на Федерација на планинарски спортови на Македонија.