Пијаниот ќе се отрезни, но од “ѓаволската игра” нема враќање назад

Се си почна како од шала, една вечер чисто од забава влегов во казино со другарите и ете останав заробен 15 години…И така се лажеш денес доби нешто ситно утре изгуби се.

Многумина велат пијаниот ќе се отрезни, но оној кој се зафатил со ѓаволската игра, за него нема враќање назад.

Си го изгубив семејството, останав сам.Кога ќе соберев храброст, сега е моментот ќе се тргнам ќе одам дома и ќе тропна на вратата и ќе речам решив да се сменам нема повеќе да се вратам на тоа проклето место, добивав пари кои само што ќе ги поглднев ме заслпуваа и ме тераа да играм за повеќе.

Си направив проблем, кога ќе изгубев барав заем, кој нормално не можев да го вратам зошто го губев, од пријатели си направив непријатели.Сите наоколу ме гледаа со жалење.

Од чесен човек, станав лаком, таа болест ме зароби. Живееме во време каде што секој трча и се залажува по лесно добиена пара. Трчајќи по лесно добиените пари станав патолошки коцкар.

Има ли некој кој од ова заработил пари?

Целиот текст можете да го прочитате на СкопјеИнфо

Leave a Reply

Your email address will not be published.