Питон успеа за само седум месеци да се “симне” од дрога

За седум месеци питон се „симна“ од дрога

Затвор во Австралија со Центар за одвикнување од наркотици имаше еден крајно невообичаен штитеник – два метри долг питон.

Откако полицијата упаднала во една лабораторија за производство на метамфетамин ја пронашла змијата која, судејќи според се, предолго ги вдишувала испарувањата, пренесува „Дејли телеграф“.

Седум месеци подоцна животот на питонот се вратил во нормала и тој сега „потполно чист“, ја чека одлуката за старателство.

Но, ова не бил лесен пат, посебно не за чуварите на поправниот центар „Џон Маруни“.

„Беше потполно на работ на опстанок, нервозно ползеше, и се обидуваше да нападне. Се однесуваше многу агресивно и непредвидливо“, се присетува за почетокот на пријателството надзорникот Ијан Мичел.

По неколку недели неуморно правење кругови и барем една гризната рака подоцна, дрогата потполно го напушти телото на рептилот, кој на крајот успешно ја заврши целата програма.

Инаку, во Австралија не е така невообичаена појава дилерите да оставаат застрашувачки змии за да ги обесхрабрат случајните минувачи од ѕиркање таму каде што не треба.

Leave a Reply

Your email address will not be published.