Пингпонгарскиот клуб “Саса” врши упис на членови

Пингпонгарскиот клуб “Саса” од Македонска Каменица ги известува сите заинтересирани љубители на пинг понгот дека започнува со упис на нови членови во клубот. Членови на клубот можат да бидат сите граѓани на општина Македонска Каменица постари од 6 години. ППК “Саса” е дел Пингпонгарската федерација на Република Северна Македонија и во претстојната сезона ќе се натпреварува во машка и женска конкуренција во Втората пингпонгарска лига на Македонија.

Уписот ќе се врши во старата спортска сала од СОУ “Миле Јаневски Џингар” со почеток од 18:00 часот, почнувајќи од понеделник 03. Јуни 2019 година. Повеќе информации може да се добијат на телефонскиот број +389 71 246 191, Стево Ристовски.

Тренинг програмата започнува веднаш по завршувањето на уписниот рок, за што наскоро ќе следи дополнително известување од ППК “Саса” – Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *